Северина е голем љубител на заводливи потпетици кои, освен на настапи, сака да ги носи и во приватни прилики.
Атрактивната пејачка својата љубов кон високите потпетици ја сподели со своите обожаватели преку социјалната мрежа, Фејсбук.
Северина ги обожава модните игри во кои главна улога се заводливите потпетици.
На елегантната фотографија, Северина позира облечена во комплет на блуза со точки и кратки панталони од брендот Schumaher, а освен витките нозе, во прв план се најдоа елегантните Emilio Pucci сандали во светло црвена боја, украсени со испреплетени ремени кои се протегаа до над глуждовите.
Под фотографијата, популарната пејачка напишала: „Дај ѝ ги на девојка вистинските чевли и таа може да го освои светот“, повикувајќи се на цитат од заводливата русокоса Мерилин Монро.