Иако излега многу елегантно, нејзиното однесување е сосема спротивно!
Кара Делевињ на доделувањето на GQ наградите се појави во елегантен црн фустан, кој го одзема здивот, но нејзиното однесување било далеку од елегантно.
Во еден момент се потпрела на дизајнерот Џонатан Сондерс и двакцата паднале на подот. Кара двете нозе ги кренала во воздух и целата сцена никако не се вклопила во атмосферата на вечерта. Но, тие двајца не можеле да престанат да се смеат и никој при тоа не се повредил.
Потоа, додека двете британски моделки Кара и Џордан Дан позирале пред фотограферите, Кара како шега ѝ ја фатила градата.