Ријана, Наоми Кембел и Иман снимиле заедничка фотосесија за светскиот моден бренд Balmain.
Трите грации се претставнички на различни децении, што го прави проектот уште повеќе интригантен.
59-годишната Иман ја започнува ѕвездената кариера во далечната 1975 година со фотосесија за Vogue. 44-годишната „Црна Пантерка” Наоми Кембел пак се движи по пистата веќе 15 години, таа стана и првата црна жена која што се појави на насловната страница на списанието Тime.
За своите 26-години Ријана ги допре најголемите врвови во музиката. Рири е носител на десетици награди, а речиси секоја песна веднаш станува хит.
На фотографиите трите дами позираат со облека од есенската колекција на Balmain. Фотосесијата е специјално создадена за W Magazine.