Модната ревија во Париз го собра „кремот“ на светскиот шоубизнис, но сите очи беа фиксирани во холивудската убавица Шарлиз Терон.
Славната оскаровка Шарлиз Терон била вистинска визија на ревијата на висока мода во Париз.
Во металик златен фустан изгледала како газела, а нејзините витки нозе и убаво лице беа во прв план. 38-годишната актерка пристигна во придружба на нејзиниот дечко, познатиот Шон Пен кој не го тргна погледнот од својата љубена- исто како и сите други гости.
Многу се шпекулира дека познатиот пар наскоро ќе може да застане пред олтарот, а наводно и планираат да посвојат уште деца. Шарлиз веќе го посвои синот кој го нарече Џексон.
Диор во Париз ја претстави својата нова Haute Couture колекција за есен/зима 2014/2015 година, а како таа изгледа погледнете во галеријата и видеото подолу.