Никако не ги копирајте: Овие ѕвезди не се облекуваат според својата возраст

Во Холивуд не е невообичаено ѕвездите да не се облекуваат во согласност со нивните години. Меѓутоа, освен оние кои во своите педесетти сакаат да носат шорцеви и длабоко деколте на црвениот тепих, таму има и оние кои во своите дваесетти се облекуваат „како тетки“. Еве неколку познати дами кои се многу специфични во она што го облекуваат и кое не е соодветно со нивната возраст.

Кира Најтли

Оваа млада актерка е позната по тоа што не сака да покажува сексапил, па често се одлучува за облека која сигурно може да видиме да ја носи жена дупло постара од неа.

Хајди Клум

Хајди Клум, од друга страна пак, обожава да ја покажува својата совршена фигура, особено сега кога влезе во петтата деценија. Често на црвениот тепих носи фустани со длабоко деколте и високи потпетици, веројатно сакајќи да докаже дека сеуште може да го носи статусот на супермодел.

Кристен Данс

Оваа позната актерка е веќе некое време на ѕвезденото небо на Холивуд, но никогаш не била ставена на листата на заводнички или сексапилни актерки. Можеби за тоа е виновно нејзиното конзервативно обелкување?

Џенифер Анистон

По разводот од Бред Пит, Џенифер се врати на црвениот тепих поубава и позгодна од било кога. оваа година, на 11 февруари, Џенифер наполни 45 години, а има нозе на кои можат да завидат и многу дваесетгодишни девојки. Но, често пати е критикувана поради кратките шорцеви и фустани кои сака да ги носи и многу стилисти мислат дека треба малку да бидат подолги.

Адел

Кога за прв пат се појави на музичката сцена, многумина не можеа да поверуваат колку години има оваа млада пејачка. Адел има само 25 години, а за двапати постариот изглед задолжен е нејзиниот моден вкус, затоа што обожава да се облекува како старица. Многумина би сакале да ја видат како експериментира со различни фустани и прилагодни дизајни за неа, во кои би изгледала како девојка во своите дваесетти години.

- Реклама -