Џесика Алба секогаш нѐ плени со својата едноставност, природност и интересен стил на облекување. Но, кога оваа принцеза ќе се појави на црвениот тепих во нејзината убавина нема крај. Атрактивната актерка се појави на овогодишната Baby2Baby Гала вечера, а за оваа пригода одбра Барби изглед. Лицето и телото украсени со светки во прв план го стави нејзиниот тен и кадифена коса, а моќниот и едноставен материјал со силна розова боја одлично ѝ прилега, и ја претвори во Барбика спремна за бал.