Австралискиот модел Миранда Кер позираше во моделите на Mango од колекцијата есен/зима.
Кер позира со минимална шминка и ненападна фризура, а темата на колекцијата е панк. Ова е трет пат 30-годишниот модел да позира за шпанскиот бренд откако оваа пролет беше избрана за негово заштитно лице.
До сега за овој бренд позираа Скарлет Јохансон, Пенелопе Круз, Мила Јововиќ, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон.