Сајмон Кауел е познат по своите сурови коментари во шоуто „X Factor“, но по овој настап остана без зборови.
Иако членовите на жирито се обидуваат да бидат фер и да покажат помалку емоции кон натпреварувачите, некогаш емоциите преовладуваат. Така беше и во синоќешната емисија на англисклиот музики натпревар „X Factor“, кога Сајмон Кауел се расплака.
Натпреварувачот Џош Даниелс ја испеа песната „Jealous” од Labirint. Во песната се спомнува мајка, а со оглед на тоа што мајката на Сајмон почина пред само неколку дена пред снимањето на оваа епизода, песната многу го погоди.
– Песната многу ме трогна- успеа да каже Сајмон, бидејќи беше многу погоден.
Освен Сајмон, песната ја допре и пејачката Шерил Кол, која исто така е член на жирито.
– Сум присуствувала на многу музички натпревари, сум слушнала многу изведувачи, но ниту една песна не ме допре како оваа- рече Шерил.