Еден од најшокантните моменти на доделувањето на MTV VMA музичките награди беше кандидатурата за претседател на САД на Канје Вест.
Со сите спектакуларни настапи, интересни модни комбинации и сите освоени награди, еден момент сепак го зеде сето внимание. Светот не престанува да зборува за тоа што на MTV VMA Канје Вест се кадидираше за претседател на САД. Камерите снимија се’ и ако го оддржи ветувањето, во 2020 година тој ќе влезе во битката за да стане новиот американски претседател.
Славниот рапер на церемонијата ја доби наградата за животно дело, која претходно ја имаат добиено Мајкл и Џенет Џексон, Бритни Спирс, U2, Џорџ Мајкл и Бијонсе.
Во својот долг говор, Вест зборуваше за тоа колку го има променето родителството, за лицемерството на медиумите, но, исто така и призна дека „пушел џоинт“ пред да се качи на сцената. Говорот го заврши со неочекувана изјава.
– Како што веројатно до сега може да претпоставите, одлучив да во 2020 година да се кандидирам за претседател- рече тој.
Интересно е што наградата на Канје Вест беше врачена од Тејлор Свифт, на која раперот на доделувањето на VMA 2009 година ѝ го прекина говорот додека ја примаше наградата за спот на годината, и ѝ рече дека не го заслужи, и дека признанието требаше да го добие Бијонсе.
Со оглед на тоа што претходно се има споредено со Микеланџело, Да Винчи, Пикасо па и со самиот Исус, кога станува збор за Канје Вест ништо не не’ изненадува. А и Ким сигурно не би имала ништо против да ја добие почесната титула на Првата дама.
Погледнете го неговиот цел говор: