Видеото во кое главна актерка е убавата манекенка предизвика бурни реакции во светот.
„Сиви волци“ се терористичка група од Турција, која е одговорна за смртта на стотици луѓе и за планирање на атентатот на папата Иван Павле II. Тие се имаат организирано во Турција пред 40 години.
Во видеото снимено со мобилен телефон, Адријана Лима го изговара името „bozkurtlar“ (волци), и со раката го прави нивниот симбол и завива како волк. Видеото предизвика бројни негативни реакции, па ПР одделот на познатата манекенка даде и изјава.
Тие тврат дека Адријана сето тоа го направила не знаејќи што значат тие работи и дека е излажана. Наводно, неа боксерот од Турција кој го запознала во Мајами, и кажал дека се работи за симбол на неговата теретана.
Ова видео предизвика бес во Турција особено меѓу Курдите кои беа чести жртви на „Сивите воци“. Нејзиниот ПР тим тврди дека таа не е запознаена со фактите за терористичката организација, ниту дека поздравот е поврзан со нив.