Ако се суди според најновата фотографија на Инстаграм Крис Џенер, таа и младата Џенифер Лоренс се нови најдобри пријателки.
Џенифер Лоренс пред неколку дена наполни 25 години, а роденденот го прослави во својот дом во Холивуд во друштво на пријателите и семејството. Со оглед на тоа што сите знаат колку го обожава реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, нејзините пријатели одлучија да ја изненадат на забавата и ја повикале Крис Џенер, која се разбира ја прифатила поканата.
„Џен супер се забавуваше. Таа не можеше да престане да се смее цела вечер“, рече извор.
Крис и Џен не ја пропуштија можноста и заедничко фотографирање на кревет, правејќи се дека се фатени на изненадување. Крис ја објави оваа фотографија на Инстаграм.
„Среќен роденден гомце едно. Боже, многу те сакам. Џенифер Лоренс ти благодарам што ја направи оваа вечер за паметење, дури иако бевме фатени. Те сакам, среќен роденден убавице!“.