Беше весело на „вечерата на шампионите“ која е приредена по завршувањето на Вимболдон.
Весело, бидејќи Новак Ѓоковиќ беше повеќе од расположен, на задоволство на сите присутни.
Новак на свечената вечера дојде во придружба на сопругата, Јелена и својот стручен тим, вклучувајќи го и Борис Бекер, а набрзо по официјалниот протокол, го поздравија како шампион во машката конкуренција, и Серена Вијлијамс како победничка во женската, па почна порелаксираниот дел од забавата.
За време на забавата дојде и време за танцување.
Со дозвола на Јелена Ѓоковиќ, која на шеговит начин за тоа однапред ја извести Американката, Новак заигра со Серена и ја разубави вечерта.
Тие, сепак, не играа прв пат заедно.
Тие во 2013 година заиграа на теренот на Австралија опен, за време на Денот на децата.