Кризната седма година ја поминаа, но за нив кобна е оваа десетта.
Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведуваат по 10 години брак, а тоа сега е и официјално потврдено. На 29-ти јуни двојката требаше да ја прослави својата десет-годишнина од брак, но на 30-ти јуни тие потврдија дека на нивната љубов и брак им дојде крај.
Бен и Џенифер немаат потпишано предбрачен договор, но изворите тврдат дека ни најмалку не се загрижени околу поделбата на имотот. Богатството на Бен се проценува на 75 милиони долари, а на Џенифер околу 40 милиони долари. Тие се согласија на поделено старателство на нивните деца.
Наводно, наскоро поранешните сопружници, ангажирале лице кое ќе работи на тоа кој што ќе добие по бракот, а за време на разводот ќе живеат заедно на својот имот. Двојката од разводот не сака да направи циркус и сака сè да се одвива на што можно помирен начин.
Потврдата на веста за нивниот развод растажи многу фанови, бидејќи нивниот брак беше еден од најстабилните славни бракови.