Таа е позната по својот кул стил и покрај тоа што има само 17 години.
Се чини дека Кајли Џенер во своето слободно време (кое го има на претек) го вежба своето совршено прчење на усните, па објави уште едно селфи на Инстаграм, истакнувајќи ги усните.
Реалната ѕвезда и претходно се најде во центарот на вниманието поради изгледот на нејзините усни, а минатиот месец таа призна во шоуто дека ги пополнила усните.
Претходно оваа недела, Кајли беше видена на вториот роденден на својата внука, Норт Вест, облечена цела во бело- фармерки и кратка маица- во Дизниленд, и мора да признаеме дека покрај ваква нејзина фигура лесно се заборава дека таа е сеуште само тинејџерка.