Ѕвездените деца пораснаа, па во последно време пред се на социјалните мрежи, стануваат популарни поради славата која ја стекнале нивните родители.
Ќерката на Деми Мур – Румер Вилис и ќерката на Џони Деп и Ванеса – Лили Роуз, се само две од најистакнатите наследнички на ѕвездите, а меѓу нив се повеќе се популаризира и ќерката на манекенката Синди Крафорд – Каиа.
Самата Синди Крафорд објави фотографија на 13-годишната ќерка Каиа Гербер, под која што напиша:
„Нашата инспирација беше Миранда Кер”.
На сликата девојчето позира слично како Миранда – со цвет и кармин во слична нијанса.
Каиа е впечатлива и многу личи на Синди Крафорд, со своето нежно емитување и правилни црти на лицето, па модните критичари и предвидуваат ѕвездена кариера, по стапките на нејзината мајка.