Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин ги крстија своите 5-месечни близначиња Жак и Габриела.
На церемонијата присуствуваа повеќе од 700 гости, а истата се одржа во катедралата на Монако.
Среќната мајка и двете деца изгледаа елегантно во креации од Диор. Принцезата Шарлин избра креација од високата мода на Диор, која ја надополни со плетени ракавици и шапка, а малите близнаци беа облечени во бели фустани од бебешката колекција на француската модна куќа.
Еве ги и фотографиите.