Една работа на овогодинешниот МЕТ Гала бал беше строго забранета, но на Џастин Бибер таа забрана не му значи ништо.
И оваа година на МЕТ Гала балот присуствуваа најголемите светски ѕвезди. Влезница за овој настан не може да се купи. На балот може да присуствуваат само поканети гости од страна на главниот уредник на списанието „Vogue“.
Но, на овој настан една работа беше строго забранета, а тоа е правење на „селфи“ слики.
– Користењето на мобилните телефони и социјалните мрежи ќе бидат строго забранети на гала вечерта- стоело во официјалното соопштение, како што пренесува списанието „Vogue“. Сепак, младиот бунтовник Џастин Бибер го прекршил ова правило, па на својот Инстаграм профил храбро објавил две „селфи“ слики со познатите дами.
На Џастин му се придружиле Лејди Гага и Кара Делевињ.
Иако до сега на МЕТ Гала немало никакви санкции, сите се прашуваат дали пејачот ќе биде казнет.