Марко проговори за односите со Адријана Лима

Иако помина повеќе од една година од разводот, Марко Јариќ и Адријана Лима останале во одлични односи, поради своите две ќерки, а славниот кошаркар за својата поранешна љубов има најдобро мислење:

„ Најважно ми е тоа што со Адријана имам супер однос. Секогаш ќе ја поддржувам во се што прави“, изјави Марко и додава дека искрено се надева, дека нивната разделба нема да влијае на нивните ќерки Сена и Валентина.

„Се надевам дека не го чувствуваат нашиот развод. Мислам дека тоа го направивме во момент пред двете да влезат во годините во кои ќе почувствуваат дека повеќе не сме заедно“, додава поранешниот кошаркар и тврди дека не дозволил да ги разгали.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

„ Не ги разгалив своите девојчиња. Се трудам да им пружам љубов колку што е можно повеќе, но сум и исклучително строг. Верувам дека детството нема да им биде лесно, со оглед на тоа што се деца на најубавата жена во светот и успешен спортист. Не толку поради мене, колку поради Адријана. Се обидуваме што подобро да ги подготвиме за тоа“, заклучува Јариќ.

- Реклама -