Освои милиони жени како секси танчер во филмот „Magic Mike“, но овој пат во жените разбуди некои други чувства…
И кога примамува погледи со своето мускулесто тело и неодолива насмевка, Џо Манганело во жените буди вистинска хистерија. Тој и актерката Софија Вергара излгедаат како совршен пар, а верениците очигледно се подготвени за проширување на семејството.
Најплатената ТВ актерка на планетата веќе изјави дека сака дете со својот помлад избраник, а по овие фотографии со нејзината внука Гиом на тоа ѝ завидуваат и многу жени ширум светот.
Кој може да одолее на секси актер кој држи бебе во рацете? Во жените го разбуди оној мајчински инстинкт. И да… наследникот или наследничката на Џо и Софија ќе биде вистинско мало совршенство- едвај чекаме!