Да не била оваа жена, светот би останал без два големи хитови

Пети Бојд, модел и фотограф била во брак со дури две музички легенди на 20-тиот век.

Двајцата им служела како инспирација, па два големи хитови се напишани токму за неа.

Пети Бојд прво била мажена за Џорџ Харисон, која го запознала на сетот за време на снимањето на филмот „A Hard Day’s Night” во кој глумеле „Битлси“.

Пети и Џорџ

– Кога прв пат го видов Џорџ си помислив „Боже“, и бев фасцинирана од тоа колку добро изгледа- рекла Пети.

Две години подоцна, Харисон и таа се венчале и заедно ја напишале песната „Something“, која стана еден од најголемите хитови на „Битлси“.

Некаде околу тоа време, добриот прикател на Харисон, Ерик Клептон создаде рок класика- песната „Лејла“- само за Пети. Таа не знаела до кој степен Клептон бил опседнат со неа.

Пети и Клептон

– Ерик една вечер ме повика, ми кажа колку многу му недостигам и колку би сакал почесто да ме гледа. Сепак, не тогаш не сфатив што тој чувствува кон мене“, рекла Пети.

Нејзиниот брак со Харисон завршил по 10 години, по кое се омажила за Клептон, иако признала дека Џорџ бил љубовта нејзиниот живот.

Пети, за време на бракот со Клептон паднала во вртлогот на алкохол и дрога, а парот конечно се разделил во 1984 година, иако официјално се развеле во 1988 годдина. Причината за тоа е дрогата, како и бројните афери на Клептон.

Пети денес
- Реклама -