Таа го завзеде едно од најпосакуваните места на ревијата на Александар Ванг на модната недела во Њујорк, но Ники Минаж не сметаше на близината на едно темпераментно дете.
Облечена во многу секси ресеста облека, 32-годишната пејачка имаше „скаменета“ фаца додека ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест поврторно направи непријатна сцена по втор пат оваа недела.
Бесценето! Смешната реакција на Ана Винтур на непослушната ќерка на Ким Кардашијан
Ники со целосни напори се обидуваше да го игнорира гласниот плач на малата Норт Вест, прво со гледајќи на страна а потоа во нејзиниот телефон, додека нејзините родители се обидуваа најдобро што можат да ја смират 19-месечната ќерка.
Минаж пред почетокот на ревијата е видена како се смее и игра со малата Норт, која седела во скутот на својата мајка.
Но, расположението на малото дете брзо се влоши кога почнала ревијата и почнала да вреска и плаче.
Оваа епизода на Норт не го одвлече вниманието од деколтето на Ники и нејзината облека која беше составена од сини и портокалови ленти, под кои носела само долна облека.