Бијонсе отсекогаш со задоволство ги истакнува своите позитивни страни, а кога имаш нешто добро тогаш покажи го тоа!
Бијонсе беше специјален гостин на концертната вечер која беше организирана во чест на познатиот музичар Стиви Вондер. Откога собра неколку Греми награди, Бијонсе се пресоблече во краток мини фустан и ги покажа своите секси нозе.
На многумина им помина мислата во глава за тоа колку е среќник младиот мзуичар Ед Шеран- пред неколку месеци тој пееше во друштво на најуабвите жени на светот на ревијата Victoria’s Secret, а сега и запеа со една од најбараните музичари на денешницата.
Тие изведоа некои од најпознатите песни на Стиви Вондер во ново издание, а во публиката бил и сопругот на Бијонсе, Џеј Зи. Танцот, редовните тренинзи и турнеите го обликуваа телото на познатата мајка, а иако се шпекулираше дека Queen B е бремена и дека малата Блу Ајви ќе добие друштво, се чини дека нема ни трага од стомак.