Aвстралија ќе учествува годинава на „Евровизија“?

„Евровизија” ги проширува своите граници.
Организаторите на натпреварот ја поканиле Австралија да се вклучи во овогодинешното издание, соопштува BBC.

„Ова е многу возбудлив предизвик”, изјави по тој повод организаторот Џон Ола Санд.

Вкупно 40 земји ќе учествуваат на „Евровизија” во 2015 година .

Австралија пак, како учесник прва година по ред, ќе биде директно рангирана на финалето.

Нејзините жители сепак ќе можат да гласаат за својата омилена песна и во полуфиналето. Ако сепак австралиската песна победи, догодина изданието на натпреварот нема да „патува” до другиот континент, туку ќе се одржи традиционално повторно во европски град.

Евровизија годинава ќе се одржи во Виена, на 23 мај, каде што Македонија ќе ја претставува Даниел Кајмакоски со песната „Лисја есенски“.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

258BB41400000578-0-image-m-13_1423601338801

 

- Реклама -