ФАТЕНИ- Мислеа дека никој не ги гледа!

Случувањата во публиката понекогаш се поинтересни отколку оние на големата сцена.
Доделувањето на Греми наградите донесе многу изненадувања, но главната идеја е добра забава. И додека се зборува за перформансите кои ги подготвија најголемите музички ѕвезди на денешницата, повеќе се зборува за тоа што се случувало позади сцената- а и во публиката.

Камерите на Греми снимиле сè, па ниту еден момент не останал скриен. Веќе е познато дека Тејлор Свифт сака да танцува во публиката како да е сама на светот- тоа стана нејзин заштитен знак на секое доделување на награди.

Реаланта ѕвезда Ким Кардашијан носела многу секси фустан со отворено деколте (се разбира), па ѝ било предизвик да зарджи сè под контрола. Постојано си ги поправала градите и внимавала да не излезат- случајно.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Сличен проблем имала и Лејди Гага која се обидувала да го „заузда“ своето деколте.

Мадона на сите им испраќала бакнежи по нејзиниот настап на Греми наградите…

А, Пол Мекартни покажа како оргинален Битлси и понатаму знае како се танцува! Сè на сè, тоа беше забавна Греми вечер!

- Реклама -