Големо внимание привлече веста дека познатата колумбиска пејачка Шакира и нејзиниот сопруг, фудбалерот на Барселона Жерар Пике на детето му дадоа име Саша.
Со оглед на тоа дека нивниот прв син доби име Милан, јавноста веданш почна со шпекулациите зошто оваа славна двојка на синовите им дава православни имиња.
Некои интернет портали дадоа објаснување дека таткоот на Шакира Вилијам Мебарак Чадид роден во Либан, католик по раѓање всушност е потомок на некој православен Македонец.
Други интернет портали нудат друго објаснување. Според оваа теорија Вилијам одраснал вво градот Зале во Либан, каде повеќето граѓани биле православни Грци и Сиријци кои очигледно имале влијание на Вилијам и Шакира.