Славната колумбијска пејачка на свет донесе и второ дете!
37-годишната пејачка Шакира и нејзиниот 27-годишен дечко Жерар Пике по втор пат станаа родители.
Славниот шпански фудбалер и пејачката минатата ноќ го дочекале својот втор син, а нивниот син Милан кој пред неколку дена го прослави својот втор роденден, сега стана и поголем брат. Шакира се породила со царски рез без компликации во болницата Quiron Tecknon во Барселона, објави Fox News Latino.
Името на новородениот син се уште не го објавиле, но Шакира веројатно ќе го објави преку Фејсбук.