Поранешната пејачка Викторија Бекам влезе во територијата на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и „се зафати“ со фудбал.
Дизајнерската кариера на Пош Спајс тргна во неочекувана насока, откако ги отфрли луксузните кожени чанти и започна да создава спортски ранци. Tаа ги запали медиумите со фотографија на Twitter, на која што носи ранец во форма на топка.
На фотографијата, модната дизајнерка е свртена со грб, носејќи спортска торба, која веројатно припаѓа на некој од нејзините синови.
Сликата ги испровоцира медиумите на Островот повторно да го пофалат талентот на поранешната пејачка.