Шокантно признание: „Би била згодна девојка, ако имаше десет килограми помалку“

Меган Трејнор се прослави со песната „All About That Bass“ и сега е полничката пејачка стекна обожаватели од целиот свет.

Во хитот, кој не се симнува од топ листите, Меган се обраќа на сите несигурни девојки кои лошите луѓе ги увериле дека нивното тело или изгледот не им е совршен.

„Научете да го сакате своето тело. Мене целиот живот ме нарекувале „буцка“ и сите мислеа дека мојата линија не е совршена. И, се разбира, поради сето тоа целосно ја изгубив самодовербата“, вели пејачката.

Признава дека имало моменти кога воопшто не ѝ било лесно.

Screenshot_2

„Бев ужасно заљубена во едно момче од својот клас. Еден ден ми пријде, а јас речиси се онесвестив од среќа. Но, тој кажа нешто што дефинитивно не сакав да го слушнам: „Би била згодна девојка, ама треба да имаш десет килограми помалку“. Таа изјава ми го скрши срцето“, признала таа.

Младата дива речиси се откажала од своите соништа, но со поддршка од семејството и пријателите не се предала, пишува Daily Mail.

„Мојата песна е химна за сите несигурни девојки! Многу фанови ми пишуваат секој ден и признаваат дека благодарение на мене повторно се засакале себеси“, вели уверената девојка.

- Реклама -