Кога една од најплатените пејачки оди на одмор, не можеме да очекуваме ништо помалку од најдобриот луксуз.
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи, се почестиле со романтично бегство на Исланд.
Бијонсе Ноулс е прогласена за една од најплатените музички уметници на светот оваа година со заработка од 155 милиони долари. Пред неа е само хип хоп модулот д-р Дре.
Со таква заработка пејачката може да си го дозволи најелитното патување, а за Божиќ таа и сопругот одлучиле да се релаксираат во Сината лагуна, геотермална спа центар на Исланд.
Бијонсе веднаш ги споделила фотографиите на социјалните мрежи.
Во бело бикини во срдечна поза, пејачката позира до половина во топлата вода на изворите на Сината лагуна.
На друга фотографија, Џеј Зи се доближил до неа, уживајќи во топлата вода.
Двојката споделила со обожавателите уште неколку фотографии од снежниот остров. Опкружени со бел снег, тие наздравиле со шампаж, трчале и се тркалале во снегот, се сликале скокајќи заедно во воздух и покрај прекрасните водопади.
Бијонсе и Џеј Зи одлично си поминале додека уживале во магичниот, снежно бел пејсаж. Може да се забележи дека пејачката е целосно фасцинирана од природата.