Познатиот пар прв пат позира со новородената ќерка

Познатиот пар пред неколку недели со воодушевување го дочекаа своето прво дете, а сега заедно позираа за People magazin.
Познатата актерка Хајден Панетиер го роди своето прво дете на 9-ти декември. Таа и познатиот боксер Владимир Кличко сега позираа и за People magazin и својето девојче Каја Евдокија ја покажаа на светот.

„Тоа е неверојатно чувство, едно вонтелесно искуство“, рекла Хајден и признала дека добива голема помош од мајката на Кличко, па таа има и време за спиење. Породувањето било тешко, па младата ѕвезда полека се опоравува.

„Се уште се обидувам да сфатам што бременоста ѝ направи на моето тело и колку се промени. Се чувствувам како 80-годишна жена која се обидува да се искачи по скалите! Знам дека ќе треба време додека се вратам повторно во нормала“, признава Хајден која се прилагодува на нејзината нова улога на мајка.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Surreal experience: Hayden Panettiere, shown in September in Los Angeles, has opened up on being a new mother after welcoming daughter Kaya Evdokia earlier this month

- Реклама -