Анџелина проговори за сексот сп Бред Пит „Тој точно знае што ми треба“

Пред десет години, се заљубија за време на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.

Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ќе имаме можност да ги гледаме на големото платно во новиот филм „By the sea“.

Новост е тоа што Енџи овој пат ќе биде и актерка и режисерка на филмот, а неодамна во интервју проговори како и било да снима секс сцени со својот сопруг.

„ Бред и јас бевме други луѓе за време на љубовните сцени, па не беше толку тешко, а и тој точно знае што ми треба. Отсекогаш знаел“, раскажува Џоли.

Откако Анџелина најави дека нема да продолжи со промоција на својот филм, во акција тргна нејзиното семесјтво.

Во филмот се работи за брачен пар кој за последен пат се обидува да го спаси својот брак, а Анџелиа искоментира на тоа, велејќи:

„ Да, го поминавме медениот месец глумејќи пар кој со последни сили се ободива да го спаси бракот. Сигурна сум дека мојот психотерапевт уживал анализирајќи го изворот на филмови на кои што одлучив да работам. Но, поминаа веќе десет години откако Бред и јас глумевме заедно. Едноставно почувствував дека е вистинско време за заеднички филм“, објаснува убавата актерка.

- Реклама -