Ова е доказ дека на модната писта не е секогаш се совршено.
Младата пејачка Ариана Гранде доживеала мала незгода на спектакуларната модна ревија на „Victoria’s Secret“ во Лондон.
Ариана на ревијата се појавила во улога на изведувач, па пеела на пистата додека прекрасните „ангели“ носеле најнови модели на секси долна облека, една по друга.
Но, за време на шоуто една од супермоделите ја закачила и удрила со огромните розеви крилја.
Ариана оваа незгода ја споделила со своите следбеници на Твитер:
„Ангелот на Victoria’s Secret случајно ме ури со крилото во лице, и беше одлично!“- напишала младата пејачка.