Најтрагичните холивудски љубовни приказни

Иако секојдневно слушаме за разводи и неверство меѓу холивудските ѕвезди, постојат и приказни кои покажуваат дека вистинската љубов сепак посоти, па дуги и во Холивуд.
Не завршуваат сите славни личности со развод, некои завршуваат многу трагично, оставајќи зад себе скршено срце.,

Наташа Мекелхон и Др. Мартин Кели

Наташа Мекелхон е позната по филмовите „The Truman Show“ и „Solaris“, а во последно време по нејзината улога во серијата „Californication“. Актерката била во среќен брак со Др. Кели, со кој има два сина и очекувале доаѓање на третото дете на свет кога се случила трагедија.

По враќањето дома еден ден во 2008 година, Наташа го нашла својот сопруг во големи болки. Набрзо потоа тој починал во болница со дијагноза дилатитивна кардиомиопатија. Третиот син е роден пет месеци подоцна. Актерката долго време пишувала писма до покојниот сопруг за својот живот и нивниот нос син. Писмата се објавени во нејзината книга.

Леа Мишел и Кори Монтеит

Две млади ѕвезди се сретнале за време на снимање и многу брзо љубовта од екранот се преселила и во реалниот живот. Двојката стана нераскинлива и својата заљубеност ја покажувале на бројните фотографии на Инстаграм.

Романската завршила со ненадејната смрт на Кори Мотеит, кој би пронајден мртов во својата хотелска соба во Ванкувер. Причината за смртта било предозирање од хероин и алкохол. Имал само 31 година.

Пирс Броснан и Касандра Харис

Познатиот Џејмс Бонд и некогашната Бонд-девојка се нашле и во реалниот живот. Двојката се венчала во 1980 година, а Пирс ги присвоил двете деца на сопругата, а подоцна добиле и свој син. Но, Касандра била дијагностицирана со рак на јајници.

Малку е познато дека актерот бил покрај својата сопруга низ сите операции и хемотерапии. По смртта на Касандра (1991), Броснан имал навика долго да седи во градината и да разговара со својата сопруга. По некое време, од истата болест починала и ќерката на Касандра, посвоена од Пирс Броснан.

Џон Ленон и Јоко Оно

Иако многу обожаватели на „Битлси“ ја сметаат Јоко Оно за причина за разпадот на групта, не можат да ја негираат љубовта која постоела меѓу овие двајца уметници. Таа била врска осудена на трагиченисход.

Џон Ленон е убиен во Њујорк во декември 1980 година од опсесивниот фан Марк Чепмен. Многумина и денес жалат за познатиот пејач. Џон и Јоко имаат еден син, Шон Ленон.

Британи Марфи и Сајмон Монджек

 

Холивудската миленица и релативно неуспешниот сценарист за многумина биле чуден пар, но тоа не ги спречило тајно да се венчаат. Сепак, само три години по објавувањето на бракот, и Бритни и Сајмон се пронајдени мртви во нивниот дом. Двете смртни случаи биле ненадејни, а ги делеле само пет месеци разлика.

Ни денес не е утврдена точната причина за смртта. Установено е дека починале по природен пат, под не толку јасни околности. Таткото на актерката покренал своја истрага и тврди дека се убиени со труење на тешки метали.

Патрик Свејзи и Лиса Ними

Да се прослави 34 години брак е голем успех денес, особено во Холивуд. Патрик имал само 20 години кога ја запознал својата сопруга и како што кажал тој бил маѓепсан од првиот момент.

Актерот почина од рак на панкреас во 2009 година. Лина Ними успеа да најде нова љубов, но тврди дека месец дена пред венчавката го сонувала својот покоен сопруг и смета дека тоа е неговиот благослов да продолжи со својот живот.

Лијам Нисон и Наташа Ричардсон

Лијам Нисон и Наташа Ричардсон се сретнале на Бродвеј и се венчале во 1994 година. За време на зимски одмор со своите синови во Квебек, актерката ненадејно паднала на скијање.

Наташа добила медицинкса нега, но имала фатални последици. Подлегнала на повредите на главата. Лијам својата сопруга ја исклучил од апаратите за одржување во живот, според нејзини претходни желби. Неколку години подоцна актерот и понатаму не веруа дека ја нема и вели дека се уште може да ги чуе нејзините чекори во куќата.

Шерон Тејт и Роман Полански

Пред вмешаноста во скандалот со малолетната девојка, Роман Полански бил во брак со актерката Шерон Тејт. Режисерот бил познат по разните афери, но многумина тврдат дека ја обожавал својата сопруга.

Во 1969 година актерката, која очекувала дете, е пронајдена мртва во својот дом, заедно со уште четири други лица. Тоа било еден од најтрагичните настани во Холивуд. Полански не бил дома.

Кристофер Рив и Дана Рив

Кристофер Рив веќе беше голема филмска ѕвезда кога ја запознал својата идна жена во едно кабаре. Тоа било љубов на прв поглед. Се венчале во 1992 година. Големата љубовна приказна завршила на трагичен начин. За време на снимање на филм во 1995 година, Рив ненадејно паднал од коњ и останал парализиран.

Неговата сакана сопруга остана до крај покрај него и му помагла колку што можела. Актерот продолжил да работи и држел јавни говори за своето опоравување. Години подоцна, починал од погрешно лекување на инфекции. Дена починала две години подоцна од рак на белите дробови.

- Реклама -