Сакаат „младо месо“ Холивудските „кугарки“ и нивните млади мажи

Речиси нема ништо необично во врската со постари мажи и помлади девојки, без разлика дали таа има 20 години а тој 50 или 60 години.

Но, кога во љубовна врска се спојуваат постара жена, која би можела на својот парнер да му биде мајка- таквите врски се доживуваат како нешто помалку прифатливо. Овој тренд го започна Холивуд каде постарите, успешни и убави жени стапуваат во врска со многу помлад маж, се нарекуваат- кугерки.

Џулијан Мур и Барт Френдих

Џулијан Мур и нејзиниот девет години помлад партнер Барт Фредих се во брак веќе 11 години. Сега имаа две деца а пред бракот двојката се забавувала долго време.

Џенет Џексон и Висам ал Ман

По два неуспешни бракови, Џенет Џексон се омажила за девет години помладиот милионер Висам ал Ман на церемонија во строга тајност. Всушност, ретко кога се видени заедно во јавноста, поради што нејзиниот помлад сопруг е крајно дискретен.

Парис Хилтон и Ривер Випер

Технички Хилтон не припаѓа во категоријата „кугер“ бидејќи е во нејзините рани триесетти години, но затоа што се забавувала со 11 години помладо момче, е дел од оваа листа. Парис и нејзиниот многу помлад дечко Ривер Випер се забавувале речиси две години, се додека наследничката не одлучила да го замени со нов дечко.

Кортни Кокс и Џони Мекдејд

И додека големата разлика од осум години меѓу Кортни Коск и нејзиниот поранешен сопруг Дејвид Аркет била преголема, нејзината романска со гитаристот од бендот „Snow Patrol“ обележува уште поголема разлика во годините. Џони Мекдејд е 13 години помлад од Кортни, а двојката во почетокот на 2013-та година изјави дека се верени.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?
Мараја Кери и Ник Кенон

Иако од неодамна се разведени, за мнгоумина беше изненадување што Мараја Кери и Ник Кенон толку „изджаа“. Со 11-години помлад дечко покрај себе, Мараја доби две деца, но бракот не траеше долго.

Деми Мур и Ештон Качер

Деми Мур не го воведе терминот „кугер“ но му даде сосема ново значење. Деми Мур и Ештон Качер беа осум години во брак а актерката е постара од својот некогашен маж дури 16 години.

Џенифер Лопез и Каспер Смарт

Пејачката и актерка често пати е споредувана со легендарната актерка Елизабет Тејлор, но не поради талентот и убавината, туку поради своите пропаднати бракови. Таа беше во брак три пати, била верена неколку пати а моментално е без љубовен партнер. Она што ја стави на оваа листа на кугарки е нејзината последна романса со танчерот Каспер Смарт, кој бил 18 години помлад од неа.

Шерон Стоун и Мартин Мика

И во 56-тата година Шерон Стоун емитира повеќе сексапил отколку повеќето жени помлади од неа. Иако на нејзиното лице подеднакво реагираат и постари и помлади мажи, се чини дека Шерон сепак ги преферира оние помладите. Медиумите некогаш ја поврзуваа со десет години помладиот колега Кристијан Слејтер, а денес Шерон се забавува со 29 години помладиот Мартин Мика, манекен од Аргентина.

Сузан Сарандон и Џонатан Бриклин

Актерката Сузан Сарандон бола 21 година во брак со колегата Тим Робинсон. Двојката има два сина, а по разводот Сузан започнала врска со Џонатан Бриклин кој е помлад од неа дури 31 година!

- Реклама -