Доделени се MTV VMA наградите во Глазгов кои поминаа во знакот на познатата раперка Ники Минаж!
MTV VMA наградите оваа година го прославија својот 20-ти роденден, па шоуто помина низ спомените на необичните моменти од долгата историја на MTV, а бизарните моменти го одбележаа шоуто.
Раперката Ники Минаж ја добила улогата на водителка, но и целото шоу поминало во нејзин тон. Таа ја освоила наградата во категоријата „Најдобар хип-хоп изведувач“, додека публиката ги почестила со изведба на своите најголеми хитови вклучувајќи ги „Super Bass“, „Anaconda“, а за прв пат ја претставила и својата нова песна „Bed Of Lies“. Таа се пресоблече дури осум пати!
Таа беше во одлично расположение па публиката во Глазгов ги почестила со пијалок, „ги туширала“ со пари со нејзиниот лик, доволно за илјада бесплатни пијалоци. Сликано е и, се разбира, популарното „селфи“, но „фотобомбата“ во сликата бил голем (вештачки) диносаурус.
Но, тоа не е се. Меѓу изведувачите се најдоа U2, бремената Алиша Кис, Ед Шеран, додека победничката во категоријата „Најдобра песна“ и „Најдобар женски изведувач“ Аријана Гранде летала над публиката и ги испеала хитовите „Problem“ и „Break Free“. Сепак, имаше некои луди моменти, како што им доликува на MTV наградите, па Кети Пери ја откри чудната опсесија на Ники Минаж со „перничињата“.
Рок легендата Ози Озборн триумфално се врати на MTV да ја прими наградата Глобална икона. Следните MTV награди ќе се одржат во Милано.
Погледнете ги сите нејзини појавувања, а подоле е листата на сите добитници на овогодинешните MTV VMA награди:
Сите добитници на MTV VMA 2014:
Најдобра песна: Адријана Гранде- „Problem” feat. Iggy Azalea
Најдобар поп изведувач: One Direction
Најдобар женски изведувач: Адријана Гранде
Најдобар машки изведувач: Џастин Бибер
Најдобар настап во живо: One Direction
Најдобар нов изведувач: 5 Seconds of Summer
Најдобар рок изведувач: Linkin park
Најдобар алтернативен изведувач: 30 Seconds to Mars
Најдобар хи-хоп изведувач: Иги Азалеа
Најдобар изведувач на електронска музика: Келвин Харис
Најдобар изглед: Кети Пери
Најдобар „пуш“ изведувач: 5 Seconds of Summer
Најдобар настап на светска сцена: Енрике Иглесиас
Најдобар светски изведувач: Zhou Bichang (周笔畅)
Најдобро видео: Кети Пери- „Dark Horse” feat. Juicy J
Најдобри обожаватели: One Direction
Глобална икона: Ози Озборн.