Конечно отворено проговори за врската со поп-ѕвездата!

За нивната врска многу се пишуваше, а сега младата пејачка Селена Гомез одлучила да зборува за своите односи со поп-ѕвездата.
Таа штотуку објави емотивно видео „The Heart Wants What It Wants“ (Срцето сака тоа што го сака), а сега и проговорила за својата комплицирана врска со поп-ѕвездатаа Џастин Бибер.

Селена Гомез потврдила во радио емисијата на Рајан Сикрест, дека песната е навистина за Бибер, како и солзите.

„Најголем проблем кој го имав оваа година е барањето на себеси и својот идентитет. Се обидував да разберам што правам. Донесов некои одлуки кои не беа најдобри. Како и тој. Заклучивме дека тоа не прави нас подобри луѓе“, рекла 22-годишната пејачка.

Screenshot_2

Таа призна и дека видео спотот го покажала на Џастин, а тој го смета за прекрасен. Таа заклучила и дека тоа поглавје во нејзиниот живот е завршено и дека е подготвена за нешто ново.

„Секогаш ќе го поддржувам. Кога тој е вознемирен и јас сум. Кога тој е среќен и јас сум среќна. Не сакам ништо лошо да му се случи. Тоа е се“, признала младата пејачка.

- Реклама -