Бремената Кејт Мидлтон завчера прв пат се појави во јавноста откога беше објавена веста за нејзината втора бременост, откога се избори со тешките утрински мачнини во изминатите неколку месеци.
Таа, со својот сопруг, беше дел од официјалната посета да се сретне со претседателот на Сингапур. Поголемиот дел од посетата, Кејт ги држела рацете блиску до својот стомак, како инстинктивен заштитнички гест.
Кејт носела сиво за оваа пригода, со нејзиниот заштитен знак- очите со црн креон и румени образи.
Но, овде не застанала со своето јавно појавување. Таа вчера во 13-тата недела од бременоста, докажа дека се уште има моќ да заведува.
Покажувајќи повеќе нога, Кејт мамела погледи во синиот долг фустан од Џени Пакхам на гламурозна вечера во лондонскиот музеј Natural History Museum, овој пат без придружба на својот сопруг.