Основачот и директорот на Facebook, Марк Цукерберг си купи дел од Хаваите за неверојатни 100 милиони долари.
Неговото „делче” од островот има 700 хектари, своја плажа, плантажи за шеќер и органска фарма. Но, Цукерберг не е единствениот милијардер од Силиконската долина кој се одлучил да купи дел од Хаваите, бидејќи минатата година и Лари Елисон, сопственикот на компанијата Oracle, купи дел од островот за 600 милиони долари.
Основачот на Facebook, чије богатство се проценува на 30 милијарди долари, најпрво живееше во мал стан покрај седиштето на својата компанија во која минувал и до 16 часа дневно, за потоа да се пресели во резиденција вредна 7 милиони долари во Пало Алто во Калифорнија, што во светот на милијардерите и понатаму се смета за скромност.