Амал Аламудин го присвојува презимето на својот сопруг.
Адвокатката- која се омажи за Џорџ Клуни минатиот месец- сега нејзиното име е Амал Клуни, кое го користи официјално на нејзиниот веб- сајт од нејзината фирма во Лондон, Doughty Street Chambers. Откога вестите за нејзиното име се појавија, профилот на 36-годишната адвокатка стана недостапен, но ако барате Амал Клуни враќа линк до нејзината веб-страна.
Амал специјализира во меѓународно право, човечки права, екстрадиција и кривично право и течно зборува француски и арапски јазик. Нејзиниот најнов случај е работењето да се вратат мермерите на Партенон во Грција од нивната сегашна локација во Британскиот музеј.
За младенците се шпекулира дека купиле куќа која датира од 17-ти век во Беркшир како нивен брачен дом.