Лејди Гага цел ден плачела, бидејќи не можела да поверува каков огромен успех и се случува.
„Денес многу плачев и долго, но тоа беа солзи од среќа. Едноставно не можам да поверувам што ми се случува. Дека можам да купувам убави нешта, да патувам – тоа е навистина неверојатно”, напиша Гага на „Твитер”.
„Немам зборови да им ја изразам својата благодарност на моите фанови. Вие го променивте мојот живот.Се надевам дека преку мојата музика и преку убавината на уметноста успевам да го споделам со вас она со кое што сум благословена “.