Се чини дека Мајли Сајрус (конечно) ќе заврши во затвор.
Не… не поради нејзината музика, туку поради омаложувањето на знамето на Мексико.
На нејзиниот настап во Монтереј, Мексико, еден од танчерите кој настапувал со Мајли, го искористил мексиканското знаме да го „избрише“ задникот на популарната пејачка, пренесува Mondo.
Иако тоа е дел од нивната кореографија, мексиканските власти биле навредени од употреба на нивниот национален симбол на овој начин.
Поради тоа, Мајли се чини дека ќе мора да плати казна од 1.200 долари и да „одлежи“ 36 часа во мексикански затвор.