Жерар Депардје купи стан во Црна Гора, интересно е кој му е сосед

Жерар Депардје исплати огромна сума за стан во Тиват.
Тој искешира 600.000 евра за да си купи стан на Црногорското приморје. Францускиот актер во изминатите 10 дена отворил и постапка за црногрско државјанство и пасош.

– Секако сакаше да вложи пари во некоја недвижнина во Црна Гора, но кога слушна дека има слободен стан во зградата на Новак Ѓоковиќ, беше воодушевен. Без размислување си купи дуплекс од 200 квадрати, пишуваат медиумите.

Станот поседува две спални соби, голема тераса, две гостински соби, како и голема дневна соба. Исто така има и приватен лифт, како и теретана. На таванот се наоѓа базен.

Квадратниот метар во оваа зграда изнесува три и пол илјади евра.

- Реклама -