Во Камден е подигнат споменик на Ејми Вајнхаус

Споменик во вистинка големина на починатата соул пејачка Ејми Вајнхаус е подигнат на нејзиниот 31-ви роденден, во нејзиниот омилен дел од Лондон, Камден.

Таткото на пејачката, Мич Вајнхаус изјави дека дента било „неверојатно емотивно“ да ја види статуата.

„Тоа е како да е застаната во убав момент во времето“, рекол тој и изразил надеж дека обожавателите на Ејми Вајнхаус ќе ја сакаат статуата.

Ејми Вајнхаус почина пред три години, по долгогодишни проблеми со дрога и алкохол. Последниот концерт го одржа непосредно пред нејзината смрт во Белград. Нејзиното семејство има основано фондација за помош на младите кои се соочуваат со слични проблеми.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)
- Реклама -