Креацијата прикажана на оваа фотографија е птичји грип. Барем така изгледа вирусот кога е зголемен милион пати и направен од дувано стакло. Лук Џерам е човекот одговорен за ова уметничко дело. Тој инспирацијата ја добил од слики на научната визуелизација на вируси, сакајќи да се обиде да направи нешто слично користејќи го неговиот омилен медиум.
Во создавањето на овие патогени тој добил помош од експерти од Универзитетот од Бристол, користејќи комбинација од фотографии и макети.