„Бев до пеколот и назад“! Познатата актерка за својот брак

Тие беа еден од омилените познати парови во Холивуд, изгледајќи среќно и заљубено а потоа ја шокираа јавноста со развод.
Никол Кидман неодамна ја прослави својата годишнина од бракот со Кит Урбан кој на годишнината ѝ посветил и песна.

Screenshot_4

Поради тој гест некои од нејзините пријателки биле љубоморни, но Кидман им објаснила: „Бев до пеколот и назад за денес да имам ваква врска“!

Некои шпекулираат дека, токму поради таа изјава, нејзиниот брак со Том Круз бил многу лош.

„По тешкиот развод со Том, мислев дека никогаш повеќе нема да бидам среќна во животот, но сето тоа се промени кога го сретнав Кит. Сега за сите проблеми во животот можам да кажам дека ќе поминат. Мило ми е што се запознавме подоцна во животот. Иако тоа значи дека не можеме да имаме шест деца, тоа не е толку важно“, објаснила Никол.

Screenshot_5

Нагласила и дека сега семејството ѝ е поважно од било што друго. Дури одбивала улоги за да биде со своите деца.

Screenshot_7

„Можеби звучи старомодно, но повеќе би сакала да бидам домаќинка отколку актрка, бидејќи боли кога сте одвоени од семејството“, завршила Кидман.

- Реклама -