Најплатената ТВ актерка и овој пат не разочара.
Софија Вергара е вистинска бомба! Повторно на овој статус не потсети на минатовечерното доделување на Еми наградите, а нејзината серија е прогласена за најдобра хумористична ТВ серија.
Иако била со нејзиното ново момче Џо Манганело на забавата пред Еми наградите, на самото доделување се појави сама- во секси бел фустан.
Но, не беше само таа секси. Всушност, се чини дека нејзиниот нов дечко е премногу секси за неа. „Тој е многу секси, затоа и не го земав со себе. Пресекси е и многу висок. Завсема премногу место. Му реков, те молам Џо немој да дојдеш! Едноставно е презгоден“, вели заљубената Вергара за Е! магазинот која и овој пат беше ѕвезда на вечерта.
Сепак, иако пристигнала сама, на црвениот тепих ѝ се приклучил нејзиниот син Маноло.