Обожавателите кои се нашле на вистинското место во вистинското време навистина имале што да видат.
Уште минатата недела американскиот актер Том Круз стигнал во Виена, каде надерните 10 дена ќе снима сцени за филмот „Невозможна мисија 5“.
52-годишниот актер по пристигнувањето во главниот град на Австрија се дружел со обожавателите и весело потпишувал автограми, а во текот на викендот филмската екипа започна со снимање на сцените во кои Круз заедно со партнерката Ребека Фергунсон се спушта од покривот на Виенската државна опера, со цел да спречи терористички напад за време на танцот.
Како тоа изгледало, може да погледнете во видеото: