Започнала диета, а сега се одлучила и за дополнителни методи за слабеење.
Ким Кардашиан на Инстаграм објавила фотографија со која на фановите им го покажала својот нов метод за губење на тежината.
Одлучила дека од сега ќе го носи појасот „Waist Training“ кој го намалува обемот на стомакот, а доколку го носи доволно долго, може да ја обликува половината.
Славната Ким одлучила да ослабе барем десет килограми придржувајќи се на „течна диета“, а го натерала и Канје да ѝ се придружи во тоа. Канје преживува на три свежи пијалоци дневно, и со напорно вежбање.
За да биде во центарот на вниманието, таа на манифестацијата „Cassandra Huysentruyt Grey Hosts Artists” се појавила во црн несекојдневен комбинезон. Можеби не е толку необичен колку што не ѝ стои. Со оваа појава предизвика потсмев и негативни коментари од критичарите.