Анџелина откри зошто е Бред Пит совршениот маж

 

Освен тоа што добро изгледа, Анџелина додаде уште нешто…

„ Кога сте со некој толку долго тоа станува многу повеќе од љубов. Почетокот на секоја врска е возбудлив, но сега кога имаме деца и кога сме заедно волку долго можам да кажам дека сум најсреќна бидејќи Бред е семеен човек. Тоа ми е многу важно, со оглед на тоа што мојата мајка била самохрана и знам колку се мачела да не изведе на прав пат“, вели Анџелина.

Актерката истакна колку е важно како се однесуваат родителите еден кон друг и како би им служеле за пример на нивните деца.

„ Многу водиме сметка како се обраќаме еден кон друг пред децата. Сакаме со наш пример да им покажеме како треба да се однесуваат со личноста од „спротивниот пол“, додава актерката.

- Реклама -