Бен Афлек падна во депресија

Блиски на актерот издаваат дека Бен Афлек станал многу депресивен по смртта на неговиот колега Робин Вилијамс.Актерот не можел да поверува дека Робин  направил такво нешто и ставил крај на својот живот.

„Се што постигнав во кариерата, му должам нему ” рекол  низ солзи Бен пред пријателите.

Познавачите издаваат дека откако разбрал за инцидентот Афлек не излегувал од својот дом.Неговата сопруга Џенифер Гарнер пак била исклучително загрижена дека смртта на Робин лошо ќе влијае на психата на Бен и тој ќе почне уште повеќе да тоне во зависноста кон коцкањето.

Потсетуваме дека 63-годишниот Робин Вилијамс беше пронајден мртов во сопствениот дом. Неговиот колега Бен Афлек не е единствената славна личност која што реагирала тешко на загубата на Оскаровецот. Десетици познати личности изразија јавно жалење поради загубата на Вилијамс.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

- Реклама -